Сметате ли дека влијанието на средината во која активно делуваме секогаш има позитивно влијание на нас? Погледнете како делувале најблиските врз некои од најуспешните луѓе на планетава:
„Престани да играш со тие машини, нули и единици, започни да се занимаваш со нешто сериозно!!!“
мајката на Бил Гејтс
„Наместо по цел ден да гледаш телевизија и филмови, зошто не се фатиш за вистинска работа? ...!!!“
мајката на Стивен Спилберг
„Да не мислиш дека кога удираш постојано со таа мала топка во ѕидот ќе постигнеш нешто сериозно!!!“
мајката на Андре Агаси
Блиските личности од нашата средина често, со намера да ни „помогнат“, се обидуваат да го задржат нашето размислување во рамките на нормалното (читај обичното) размислување.
Успешните луѓе се тие кои прават различни нешта од оние кои ги прават неуспешните...