|
| | | Здравје или богатство? ... А зошто не и двете?! |
Како да стекнеме и да практикуваме здрави навики за одржување, подобрување на здравјето, стекнување материјална независност, со цел подобро да се
чувствуваме, посреќно и подолго да живееме?
Сакаме здрави деца и здрава околина. Сакаме да бидеме големо семејство во кое царува љубов, разбирање, здравје и желба да им помагаме на другите луѓе.

Потсетете се какви биле вашите соништа пред пет, десет или повеќe години?!!
Запрашајте се:
- Дали го постигнав тоа, кон што се стремев?
- Се остварија ли моите соништа?
Ако не сте задоволни од постигнатото, не продолжувајте да ги правите истите нешта што сте ги правеле досега. Затоа што продолжувајќи да ги правите истите нешта, ке го добивате истото она што сте го добивале и досега.
За да промените нешто во животот, пред се треба да го промените начинот на мислење.
„Човекот е лимитиран единствено од сопствените мисли!“
- James Allen (англиски писател)
Но вие не сте лимитирани да живеете на овој начин на живот на кој што сега живеете. Вие сте го прифатиле овој начин на живот како најдобро нешто што може да го направите во овој момент. Секогаш кога сте подготвени да ги надминете актуелните ограничувања во вашиот живот, вие можете да го направите тоа! Вие сте способни да го направите тоа, со изборот на различни мисли! Значи се зависи од Вас и Вашиот избор! Секој од нас го остварува она, кон што се лимитирал самиот себе. Ние лесно можеме да оствариме нешто повредно, поголемо... да заработиме 5, 10, 20 пати повеќе, но само под еден услов! Ако не сме се лимитирале со нашиот мисловен систем низ кој што функционираме и го одржуваме, да не речам себично го негуваме!
Не верувате дека ова е точно?!! Сигурно познавате луѓе кои остваруваат или заработуваат многу повеќе од вас, кои го немаат вашето образование, вашите вештини или вашата интелигенција!
Зошто се тие поуспешни од вас?
Дозволете ни да споделиме со вас една интересна сторија. Тоа е сторијата за George Dantzig која Synthia Kersey ја напиша во "Незапирливи":
... како студент на колеџ, George учеше многу напорно и секогаш до доцна во ноќта. Толку доцна што едно утро се успа, задоцни 20 минути по почетокот на часот. Тој набрзина ги препиша двата математички проблема од таблата, претпоставувајќи дека беа за домашна задача. Му требаа неколку дена работа на овие два проблема, но најпосле тој успеа. Наредниот ден ја фрли домашната тетратка на масата на професорот. Подоцна, во недела наутро, неговиот возбуден професор го разбуди George во кревет рано околу 6 часот. Бидејќи George задоцни за часот, тој не слушна кога професорот кажа дека двата нерешливи проблеми на таблата беа математички загатки кои дури ни Einstein не бил во можност да ги реши. Но George Dantzig, работејќи без никакви мисли на лимитација ги реши не едниот, туку двата проблема кои ги мачеа математичарите илјадници години...
Каде е тајната на успехот на George? Тој ги реши проблемите бидејќи не знаеше дека не може да ги реши!
Затоа, потсетувајте се себеси дека имате огромен резервоар на потенцијали во вас, дека затоа сте способни да направите се што сте наумиле. Се што треба да направите е да откриете како да го направите тоа, а не дали можете или не можете да го направите. И кога еднаш ке одлучите да го направите тоа, зачудувачки е како вашиот ум веднаш почнува да ги открива патишатата, начините, формулите, моделите, како да го решите кој било проблем, задача, ваш стремеж, како да ја реализирате секоја ваша визија, да станете успешен човек!
И на ова вреди да се обрати внимание.
Вие ги читате овие редови затоа што имате желба да го промените својот живот и да успеете. И ако вие сега започнувате, јас би сакал да споделам некои важни нешта со вас, нешта на кои треба да внимавате кога започнувате:
- Никогаш не се распрашувајте по луѓето дали да направите нешто различно, за да успеете или не!
- Изберете го сами решението и направете се што е неопходно за да успеете, затоа што често се случува дури и најблиските луѓе, кои "со цел да не предупредат" ни го задржуваат, блокираат нашето мислење во вообичаените стандардни граници. Не охрабруваат единствено да го направиме истото што го прават сите останати. А кога го правиме истото што го прават и другите, можеме да очекуваме дека ќе ни се случи тоа, што им се случува на другите, ништо повеќе! (во поголем дел од случаите не се случува ништо, за кое и заслужува да зборуваме).
Запомнете:
Успешните луѓе се тие кои прават различни нешта од оние кои ги прават неуспешните!